Во Собранието ќе заседаваат три комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за локална самоуправа и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправаат по Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за локална самоуправа е Предлог законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка во второ читање.
На седницата на Законодавно правната комисија ќе се дискутира по Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, и двата во второ читање и Барањето за давање на автентично толкување на член 13 од Законот за пожарникарство („Службен весник на Република Македонија" бр. 67/04, 81/07, 55/13,158/14,193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 152/19), поднесено од градоначалникот на Општина Пробиштип.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат