Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура и туризам.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, во прво читање.
На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, во прво читање.
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје, сите во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет.
На Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје, сите во прво читање.
Пред членовите на Комисијата за култура и туризам е една точка на дневниот ред - Активности за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
