Во Собранието денес продолженија на две пленарни седници
Во Собранието за денеска се закажани продолженија на две пленарни седници, 74-та и 84-та.
Во рамки на 74 седница, пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за изменување на Законот за заштита на децата и за дополнување на Законот за стоковните резерви, сите по скратена постапка.
На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите по скратена постапка.
На седницата, се и Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, по скратена постапка, Предлог одлуката за утврдување на висината на надоместокот на претседателот и членовите на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност и на претседателот и членовите на работните тела/комисии.
Собранието, според најавите на официјалната веб страница, ќе ја продолжи и 84-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.
На дневен ред на седницата меѓу другото се Предлог-законот за изменување на Законот за спортска академија, Предлог-законот за установите за средно образование на верските заедници и Предлог-законот за дополнување на Законот за возила. На дневен ред се и две предлог-ратификации.
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
