Во Словенија потврдена и нигериската мутација на коронавирусот
По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот, во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ.
Досега се откриени седум случаи на најновата мутација, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.
Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Ковид-19.
Јужноафриканската мутација во Словенија е потврдена на 9 февруари кај 54-годишен маж, што укажува на тоа дека инфекцијата на докторот од Марибор не била како што се верувало.Министерот за здравство Јанез Поклокар на вчерашната прес-конференција рече дека минатата недела се потврдени 62 случаи на британската мутација и еден случај на јужноафриканската, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.
Денеска се очекува официјален извештај за присуството на разни мутации во коронавирусот што циркулираат во Словенија.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје