Во Словачка тестирани 1,3 милиони луѓе, 0,77 отсто позитивни
Вкупно 1.303.949 лица беа тестирани за коронавирусот за време на скрининг тестот низ Словачка во саботата, при што 9.979 или 0,77 проценти се позитивни на тестот, изјави словачкиот премиер Игор Матовиќ.
Министерот за внатрешни работи Роман Микулец рече дека во саботата се отворени 3.791 место за тестирање. Тој забележал дека ситуацијата е мирна и дека има интерес за тестирање, пренесува словачката агенција Таср.
– Се радувам што луѓето се придружија и што се свесни за значењето на овој проект за сите нас. Засега, тоа е солиден резултат, рече Матовиќ. Што се однесува до бројките, тој рече дека секоја бројка од 1,5 до три милиони тестирани е „добра бројка“.
– Драго ми е што општеството се обедини во борбата против пандемијата, рече министерот за здравство Марек Крајчи. Според него, целта на скрининг тестот била да се идентификуваат епицентрите и да се одделат подобрите региони од полошите. Крајчи рече дека истражувањето ќе продолжи во регионите со најлоши резултати за една недела. Тој истакна дека стапката на позитивност за сите денови на „скринингот“ може да биде поголема од 1 процент.
– Иако стапката на позитивност во саботата беше 0,77 проценти, бројката беше поголема во претходните денови, додаде тој.
Ново на Сител
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
