Во Скопје вчера во 12 сообраќајки, 8 повредени, пајакот отстранил 64 возила

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца пешаци.
Во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Четиринаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 11 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 64 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 11 часот Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ продолжува со мирниот протест пред Владата на Република Македонија. Вториот вонреден настан ќе се одржи пред зградата на Владата на бул. „Илинден“, а ќе започне во 11 часот и 45 минути на кој поранешните вработени на „Алумина“ ќе одржат мирен протест. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-

На земјен пат кон село Бусилци во Општина Чашка пронајден мртов 58 годишен велешанец
-

Уште една жртва од пожарот во Тузла, 12 свеќи за жртвите во Домот за пензионери
-

Бомба поставена на автомобил на Бит Пазар, додека е во Италија, сопственикот добил порака со закана
-

Две машки и едно девојче се тепале во двор на основно училиште во Драчево
-

Патник нападнат од возачот на меѓуградски автобус откако влегол во автобусот
-

78-годишен возач излетал од патот на скопска обиколница
-

Опожарени два автомобила во скопски Аеродром
-

Кривична за маж од скопско, со дрвен предмет пробал да го убие својот брат
