Во Скопје вчера 4 сообраќајки, еден повреден, 34 возачи санкционирани
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење. Четиринаесет возачи не ги почитувале правилата за првенство на минување на возилото во зона на крстосница, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Шест возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 23 возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство возачи.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во основните училишта „Климент Охридски“ и „Петар Здравковски Пенко“ кои се наоѓаат во општина Бутел, со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок