Македонија
8. July 2015 - 8:56

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, една жртва и десетина повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Околу 20 часот на крстосницата од улица „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица што е поврзана со улица „Народен фронт“, пред ТЦ „Зебра“, се случи сообраќајна незгода во која што учествувало патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје (1978) и пешак, граѓанин на Скопје (1965 година). Во незгодата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на ул. „Народен фронт“. Како последица на оваа незгода на повредите на лице место им подлегнал пешакот, додека возачот и сопатникот на патничкото моторно возило се здобиле со полесни повреди.

Од страна на увидна екипа на СВР Скопје раководена од јавен обвинител извршен е увид на кој присуствуваа и овластено лице од судска медицина и вешто лице по сообраќајни незгоди. Од лице место, покрај увидот, земени се траги, материјали и возилото за вештачење заради утврдување на причините поради кои е дојдено до сообраќајната незгода.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил сопатник на мопед, а возачот на истиот се здобил со полесни повреди.

Се случиле и пет незгоди со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед и пет незгоди со последица материјална штета.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи кои поминале на црвено свело и седум пешаци коишто не ги почитувале правилата и обврските а пешаците. Санкционирани се и девет возачи на мопеди и мотоцикли и шест пешаци кои сториле прекршок по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 37 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, објект „Перуника“ во село Драчево.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.