Во Скопје трет интернационален танго маратон
Од утре до понеделник (11 октомври) во Скопје ќе се одржи Третиот интернационален танго маратон „Маратангон“. Настанот ќе обедени стотина танчери од земјата и светот, четворица странски танго диџеи и претставници од неколку танго школи од регионот.
„Маратангон“ се одржува во организација на Школата за танго Фамилија Тангови Скопје и првпат оваа година со поддршка на Амбасадата на Република Аргентина.
Амбасадорот на Аргентина во Македонија со седиште во Софија, Гилермо Салвадор Азрак денеска на прес-конференција рече дека преку овој настан ќе се продлабочи танго култура меѓу Македонија и Аргентина и најави дека тој ќе биде искористен за презентација на дел од аргентинската литература.
Амбасадорот Азрак оцени дека односите меѓу Македонија и Аргентина се добри и дека тие се развиваат во сите сфери иако има простор за нивно интензивирање, особено на економски план. Најави дека деновиве во Скопје ќе има средби со претставници на Агенцијата за инвестиции и Стопанската комора.
Марија Бејкова од Школата Фамилија Тангови посочи дека тие веќе четири години активно се занимаваат со промоција и ширење на тангото како танц но и танго културата воопшто преку редовни танго часови и работилнци, семинари со етаблирани инструктори од странство, како и презентации проекции на танго филмови и редовни милонги - танго игранки на разни локации во градот.
Тангото е само суб култура на еден поголем феномен - танго културата стара повеќе од 130 години, никната во Буенос Аирес во тешки социо-економски прилики и мешавина од култури, народи, стилови на музика, но со еден единствен печат, човечката душа и сите нејзини бои. Тангото е нестандардизиран танц, мешавина од елементи од повеќе танци, танц кој постојано се развива, надоградува и прима влијанија од новите модерни текови, но и од територијата која ја освојува.За овој танц исто така се многу важни и емоциите.
Третиот по ред интерационален танго маратон во Скопје започнува утревечер во МКЦ Клуб ресторанот, а ќе се одвива на две локации, во МКЦ Клуб ресторанот и х.„Порта“.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“