Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера спроведе засилена сообраќајна контрола по оперативната акција „Безбеден сообраќај". За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл.
Како што информираат од МВР, од нив, 14 санкции се за возење мотоцикл без возачка дозвола, а 14 за возење без заштитна кацига. Девет мерки се спроведени за возење мотоцикл без положен испит, четири за возење мотоцикл во несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, а три санкции за непочитување на даден знак стоп од полициски службеник.
-Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника