Во Скопје се одбележува 70-годишнината од НАТО

Во рамки на активностите за одбележување на Неделата на НАТО вечер во Националната филхармонија воените оркестри на Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Република Грција и Република Словенија ќе одржат заеднички концерт.
Диригенти на заедничкиот концерт на воените оркестри ќе бидат мајорот Горан Илијевски од Армијата на Северна Македонија, Константинос Константинопулос од Грција, потполковник Аљоша Дефери од Република Словенија, Сара Маринеску од Обединетото Кралство и мајор Рендал Бартел од САД.
Претходно, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ја отвори музејската изложба „70 години од основањето на НАТО и Република Северна Македонија, 30. членка на Алијансата“ на која ќе биде промовирана јубилејна поштенска марка по повод јубилејот на НАТО.

По музејската изложба, ќе се одржи и Панел – дискусија на тема „70 години НАТО – успех кој се должи на спремноста за промени“, организирана од Министерството за одбрана и фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје (ФЕС).
На панел дискусијата ќе учествуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, генералот Стјуард Скејтс, заменик командант на НАТО – Командата во Брунсум, пензионираните генерали Илија Николовски и Мирослав Стојановски, полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на НАТО- канцеларијата за врски во Скопје, директорката на ФЕС, Ева Елерајт и професор Лидија Георгиева.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
