Македонија
10. December 2024 - 8:14

Во Скопје попладне протест за чист воздух

Здружената иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД денеска во Скопје организира протестен марш „За чист воздух“. Протестот започнува во 16 часот пред Министерство за животна средина и ПП, продолжува преку Собранието и завршува пред зградата на Владата. 

-Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух. Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето, наведуваа од Зелен хуман град.

Од Здружената иницијатива ги повикуваат граѓаните да се приклучат на протестот и да го изразат своето барање за чист воздух од институциите.