Во Скопје комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница
Во присуство на голем број граѓани, претставници на институции, пратеници, политички партии, претставници од Исламската верска заедница и здруженија, синоќа во просториите на општина Чаир се одржа комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница, во организација на „Форумот на Бошњаците“.
По интонирање на химните на Република Македонија и Босна и Херцеговина се одржа едноминутен молк во чест на жртвите во Сребреница, а потоа на присутните им се обрати кординаторот на Форумот на Бошњаците, Садрија Хасановиќ.
На комеморацијата говореше пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој рече дека е важно да се потсетиме себе си, да ги потсетиме и другите за геноцидот во Сребреница, да се сеќаваме и да извлечеме поука, но и да упатиме порака до сите, порака на осуда и порака за подготвеност да градиме подобро утре со сите, но на рамноправни односи.
- Пораката на денешната комеморација е „да се знае, да не се заборави“. Со оглед дека Сребреница е морално прашање од прв ред и се однесува на целото човештво, денеска сме тука припадници од сите етнички групи и од сите религиозни заедници заеднички да го осудиме она што се случило во Сребреница за да не му се повтори на никого, истакна координатор на Форумот на Бошњаците, Енес Шемсовиќ.
Во рамки на одбележувањето вчера група граѓани отпатуваа во Меморијалниот центар Поточари во БиХ.
По повод одбележувањето на 11. јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, денеска претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери ќе оствари средба со претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија.
Во попладневните часови ќе се одржи и „Марш на мирот“ за солидарност со жрвите на геноцидот во Сребреница во 1995 година и нивните преживеани членови од семејството.
Ново на Сител
-
ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново
-
Руте се потсмева со Русија: Мечката не мора на сите да им кажува дека е мечка, тоа се гледа во секој случај
-
Од денеска казни за пешаците и возачите што користат мобилни и други електронски уреди во сообраќајот
-
Алиу: За два дена прегледани над 200 лица во рамки на скринингот во Трубарево
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија