Во Скопје ќе бидат засадени 3.500 садници
Оваа есен ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Ова го изјави портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху на денешната акција за засадување дрвја во пресрет на обновувањето на дрворедот на улицата „Рузвелтова“.
– Ги заменуваме сите исечени и паднати дрвја со нови, здрави, висококвалитетни садници од видот див костен, автентични на останатите од истиот дрворед, рече Салиху. Додаде дека Град Скопје продолжува со обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигнување на нови дрвореди во општина Ѓорче Петров и на Бит-пазар во рамки на есенската сезона за садење.
Речиси 500 пенушки на градските сообраќајници, како што наведе, оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници.
Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев рече дека општината зема задача да го обнови меѓублоковското зеленило долж локалните сервисни улици и парковите што се наоѓаат меѓу зградите во населбите на нивна територија.
– Сметаме дека оваа акција ќе продолжи и во иднина и ќе продолжиме со интензивно засадување на веќе израснати, висококвалитетни дрвја што ќе бидат најдобриот филтер за прочистување на воздухот, особено во деновите кога има повисоко загадување, посочи Богоев.
Град Скопје ја реализира оваа есенската акција заедно со сите скопски општини кои во неа учествуваат со свои работници, механизација и садници.
Ново на Сител
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце