Во Скопје изминатите два дена 24 сообраќајки, двајца потешко повредени
Изминатите два дена на подрачјето на Скопје се случиле 24 сообраќајни несреќи од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле пешак и возач, во осум со помали повреди се стекнале 15 лица, а во 14 е предизвикана само материјална штета.
Во посочениот период откриени се повеќе прекршоци и преземени се мерки против седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, шестмина за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 18 возачи ги управувале возилата без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 39 возила биле непрописно паркирани.
Санкционирани се и тројца пешаци и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило „Пајак“, од наша страна отстранети се 36 возила.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија