Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај поради протест
СВР Скопје информира дека поради одржување на протест, денеска со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје.
Исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.
- Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на ул.„Филип Втори Македонски“, кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“ и право по бул.„ВМРО“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов