-->
-->
Во Скопје 154 сообраќајни прекршоци, 46 за брзо возење
-->
Во акциска контрола на полицијата од областа на сообраќајот изречени се 154 санкции на територија на Скопје од кои 46 за брзо возење и три за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и 15 санкции за возење без возачка дозвола, пет за користење на мобилен телефон, 14 санкции за непрописно паркирање и три за нерегистрирани возила. Триесет и два прекршока се регистрирани и кај возачите на мотоцикли.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека контролата е направена во текот на вчерашниот ден и најави дека контролите ќе продолжат со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз