Во Скопје 12 сообраќајки, тешко повреден еден пешак
Пешак бил тешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во пет била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 36 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај исклучила четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, како и две технички неисправни возила и 18 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и девет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, пет возачи за неносење сигурносен појас, како и девет возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Вчера санкционирани биле и 13 пешаци кои поминале коловоз подалеку од пешачкиот премин и еден пешак кој поминал на црвено светло. Санкционирани се и двајца возачи на мотор, мотоцикл и мопед кои не носеле заштитен шлем.
Затекнати биле 91 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 82 возила.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница