Во Скопје 12 сообраќајки, пајакот отстранил 52 возила
Во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје во една загинало лице, со тешки телесни повреди се здобил пешак, а со телесни повреди еден сопатник. Во три сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле три лица, двајца сопатници и еден велосипедист, а во пет со телесни повреди се добиле седум лица. Во три сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и двајца возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за не користење на заштитен шлем.
Санкционирани биле и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 15 возачи и четири нерегистрирани возила. Од нив, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници. Затекнати биле 52 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 52 возила.
Денеска ќе се одржи и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
По повод „Европската недела на мобилност“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во ООУ „Партение Зографски“ на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование