Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
Професори од речиси сите гимназии ширум земјава со отворено писмо реагираат на концепцијата со која дел од задолжителните предмети стануваат изборни. Категорично се спротиставија на укинувањето на предметите философија, етика и логика. Според нив ваквиот тип на реформи се неприфатливи бидејќи отфрлањето на овој корпус предмети е спротивно на европската пракса во образованието. Групата професори тврди дека оваа концепција нуди ограничен светоглед без можност за аналитичко, синтетичко, критичко и креативно мислење.
Министерката Јаневска потенцира дека се работи за предлог концепција за која јавната расправа ќе трае до крајот на месецот и ги повика сите засегнати страни да учествуваат со свои забелешки.
Во нацрт верзијата како задолжителни предмети во гимназија се предвидени се 15 предмети. Предметот филозофија е предвиден како изборен за почетно изучување со по два часа неделно во трета и четврта година. На оваа табела се најдоа и предметите социологија, латински, економија и бизнис, право, образование за животна средина и програмирање а секој ученик ќе избира по два предмети кои ќе ги изучува.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар