Во Сирија стапи во сила прекинот на огнот
Прекинот на огнот стапи на полноќ во сила во Сирија, како што е договорено врз основа на американско-рускиот план за кој завојуваните страни се обврзаа дека ќе го почитуваат, а како што известуваат агенциите, оружјето главно стивнало во земјата, разорена од петгодишната војна.
Од договорот за примирје исклучени се исламистичките групи Фронтот Ал Нусра и Исламска држава, што предизвикува сомнеж во одржливоста на примирјето.
Пукотниците престанале во предградијата на Дамаск и Алепо на северот на земјата, каде во изминатите денови се водени жестоки борби, а Опсерваторијата за човекови права објави дека е мирно на северот на провинцијата Латакија и во централните провинции Хомс и Хама.
Пратеникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура најави дека новата рунда преговори ќе почне на 7 март доколку примирјето се одржи.
Советот за безбедност на ОН еден час пред стапувањето во сила на примирјето едногласно го поддржа договорот со усвојување на резолуција, за која нацрти изработија САД и Русија.
Русија вчера соопшти дека сите страни се подготвени за примирје, додека Турција изрази сериозна загриженост во врска со договорот за примирје меѓу силите на сириската опозиција и официјален Дамаск кои го предложија Вашингтон и Москва.
Сириската опозиција соопшти дека ќе го почитува примирјето, но изрази сериозна загриженост поради недостигот на јасен механизам за примена на договорот.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка