Во Сирија ослободени тројца шпански новинари
Тројца шпански новинари, кои пред 10 месеци беа грабанти во Сирија, вчера се ослободени, пренесоа светските агенции.
-Пред неколку часа беа ослободени шпанските новинари Хосе Мануел Лопес, Анхел Састре и Антонио Памплиега, кои беа киднапирани во Алепо, во северниот дел на Сирија, пред приближно 10 месеци, соопшти портпаролката на шпанската Влада.
„Тројцата се добри“, додаде таа.
Владата подвлече дека ослободувањето на новинарите станало можно со помош на пријателски и сојузнички земји.
Шпанската заменик премиерка Сораја Саенс де Сантамарија разговарала со тројцата ослободени новинари, забележаа британските медиуми.
Според информации на шпанскиот весник „Ел Паис“, тие се наоѓаат во Турција и се очекува брзо да бидат вратени во Шпанија. Тие на 10 јули минатата година влегле во Сирија преку Турција и набрзо потоа исчезнале.
Според информации на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права тројцата последне пат биле забележани на 13 јули во кварт на Алепо, контролиран од бунтовниците. Оттогаш речиси и да немаше податоци за нивната судбина.
Новинарите работеле за различни шпански медиуми, вклучувајќи ги дневните весници „БеСе“ и “Расон“, телевизијата „Кватро“ и радиото „Онда серо“.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања