-->
-->
Во шумските пожари во Австралија настрадаа околу 350 коали
-->

Во шумските пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, Австралија, настрадаа половина од коалите што живеат таму, објавија денеска експертите.
Раниот почеток на сезоната на пожари донесе пожари во природниот резерват на езерото Инес, во кој минатиот месец се уништени две третини од живеалиштата на коалата, а останатиот дел беше загрозен од 15 големи пожари во државата.

Околу 350 коали кои живеат во резерватот во крајбрежниот град Макуори настрадаа во шумски пожари, наведува групата „Да се зачува коалата во Австралија“.
– Во резерватот имаше од 500 до 600 коали, изјави претседателот на групата Су Ештон.
Негувателите на животни од болницата за коали во Макуори ги негуваат спасените коали и ги хранат со листови од еукалиптус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
