Во штипските училишта досега девет ученици позитивни на коронавирусот
Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ денеска е регистриран еден ученик позитивен на коронавирусот, а епидемиолозите во изолација испратија уште пет ученици. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип Марија Димитрова информираше дека со новиот случај до денеска во штипските основни и средни училишта потврдени се вкупно девет ученици позитивни на Ковид 19, а во изолација се вкупно 78 ученици.
– Состојбата со градинките во Штип е стабилна и немаат случаи на заразени деца, додека во штипските текстилни конфекции има изолирани случаи. Работниците со вирусот се заразиле во домашни услови и во конфекциите нема поголема група на работници, кои покажале позитивен тест, вели Димитрова.
Во штипскиот регион во моментов активни се 222 лица, а најголем процент од нив се над 60 години.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
