Во штипските основни училишта првачињата ќе се примат на први септември
Приемот на првачињата во сите основни училишта во Штип ќе се изврши на први септември, информира Соња Николовска советник во Одделението за образование во Општина Штип. Според податоците на петте основни и подрачни училиштата во прво одделение досега се запишани 410 првачиња.
- Приемот на првачиња во сите основни училишта ќе се случи во петок на први септември со почеток во девет часот. Очекуваме оваа броја да се зголеми на почетокот на септември, бидејќи имаме и родители кои се уште не ги запишале своите деца во прво одделение поради тоа што работат како сезонски работници, вели Николовска.
Таа истакна дека на почетокот на септември очекуваат дополнително уште 10 до 20 првачиња да се запишат во основните училишта во Штип.
Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев и претставници на локалната власт учениците од основните и средни училишта ќе ги посетат на четврти септември, а на првачињата ќе им врачат и пригодни подароци за почетокот на учебната 2017-2018 година.
Ново на Сител
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја
-
Почина Папата Франциск
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Стојаноска: Чернодрински ќе се одржи во Прилеп по секоја цена, нема да го земе ниту еден друг град
-
Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“