Во штипскиот регион се шири вирусот меѓу контактите
Нови 17 позитивни случаи на Ковид 19 во штипскиот регион. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека новите случаи се контакти на веќе заразените. Токму поради ова епидемиолозите новите слуачи не ги препознаваат веќе и по кластери.
-Нема веќе кластери и правила на ширењето на вирусот, новозразените се контакти и ги има од секаде. Ако до пред некое време ни беа познати фабричките кластери, сега вирусот се шири низ нивните контакти, вели Димитрова.
Во Штип покрај тоа што се појавуваат случаи од фабриките и нивни контакти, деновиве се бележат и позитивни случаи и од државни и општински институции, ги има по еден или неколку случаи, но не и поголеми групи, какошто беа фабричките кластери.
Во регионалниот Ковид центар во штипската Клиничка болница хопситализирани се 45 пациенти, од кои 40 позитивни, а петмина сомнителни случаи. Четворица пациенти се со висока температура и повремена кислородна поддршка. Веќе втори ден се сместуваат пациенти и во одделот за неврологија, а на помош на инфектолозите им доаѓаат и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет