Во штипската населба Долна Железничка се гради канализациска мрежа
Општина Штип и комуналното претпријатие „Исар“ почнаа со изградба на нова канализациска мрежа во населбата Долна Железничка. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска беше на увид на градежните работи, истакна дека станува збор за линија со должина од околу 400 метри со седум приклучни шахти на која ќе се приклучат неколку домаќинства од овој дел од градот.
-Се наоѓаме во населбата Долна Железничка каде преку комуникација со урбаните заедници увидовме потреба од изградба на канализациска мрежа во овој дел од градот како едно од главните барања на урбаната заедница во Долна Железничка. Се работи за инвестиција од околу 750.000 денари, изјави Бочварски.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев истакна дека во програмата за работа на јавното претпријатие имаат предвидено повеќе вакви проекти кои ќе се случат во текот на овој период, заради тоа што, како што рече, граѓаните во 21. век мора да имаат добри услови за живот.
Тој најави дека активностите ќе продолжат во населбата Горна Железничка, каде неколку домакинства ќе добијат канализациска мрежа.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да дозволиме дестабилизација на државата
-
Продолжува битката со огнените стихии - Активни се пет пожари
-
Со два хеликоптери се гасат пожарите во охридските села
-
ВМРО-ДПМНЕ бара јавните обвинители да отворат истрага за пругата кон Бугарија
-
Онкологија бара околу 40 вработувања на неопходен кадар
-
Плажите преплавени со капачи а голем дел небезбедни
-
Дигитализација на македонското земјоделско производство
-
Преглед на вестите од светот