Во штипската касарна одбележан Денот на АРМ

Делегации од АРМ, општините од источниот регион, Сојузот на борци и на политичките партии денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип по повод Денот на АРМ, положија свежо цвеќе на спомен обележјето на петмината загинати бранители во конфликтот во 2001 година, кој се наоѓа во кругот на касарната.
На одбележувањето на Денот на армијата, неколкумина припадници добија повисоки чинови, и награди, а пред присутните се обрати потполковник Стојанче Тодоров, командант на касарната „Јане Сандански“.
Тодоров истакна дека во текот на изминатиот период припадницте на Втората механизирана пешадиска бригада учествуваа во бројни мировни мисии, а од оваа година продолжуваат со ангажирање во мисијата „Одлучна подршка“.
-Нашите единици и оваа година продолжуваат со сертифицирањето, согласно концептот за оперативни способности на НАТО во рамките на вежбата „Македонски блесок 11“, која ќе се реализира на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“, рече Тодоров.
Нагласи дека припадниците на АРМ учествуваа и во отстранување на штетите од поплавите во штипскиот, радовишкиот, кривопаланечкиот, кумановскиот, пелагонискиот и тетовскиот регион. Стратегиска определба на секој вработен во македонската армија е членство во структурите на евроатланските безбедносни организации.
Ново на Сител
-

Ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана
-

Нивото на водата во Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември
-

Пожарот во „Вјесник“: Правна дилема околу казната за малолетниците, штетата десетици милиони евра
-

Поранешен заменик министер и директор меѓу осомничените, утрово претреси на МВР во Скопје, Куманово и Тетово
-

Кина и Тајван во фокусот: Телефонски разговор меѓу јапонската премиерка Такаичи и претседателот Трамп
-

Анкета: Повеќето Германци ја отфрлаат улогата на воено лидерство во Европа
-

НАСА ги објави првите фотографии од новата мисија на Марс, направени на 885.240 км од Земјата
-

Надал за Алонсо во Реал: Куќа не се гради за еден ден
