Во штипската касарна „Јане Санаднски“ одбележан Денот на АРМ
Во касарната „Јане Сандански “ во Штип денеска се одбележаа 25 години од формирањето на АРМ. Мајор Горан Шутевски пред припадниците на АРМ од Втората механизирана пешадиска бригада забележа дека е гордост да се биде дел од Армијата на Република Македонија, чии корени се протегаат длабоко во македонската историја.
- Денешниот датум 18-ти август кој го празнуваме како Ден на АРМ е ден кога во 1943 година на падините на Славеј планина е создадена првата организирана формација на македонската војска, ден кога беше формиран баталјонот „Мирче Ацев“, рече Шутевски.
Тој забележа дека со пристапувањето на иницијативата „Партнерство за мир“ во ноември 1995 година АРМ активно почна да учествува во сите активности и обврски како партнер за евроатланска алијанса. Преку 3.000 припадници на АРМ меѓу кои и од штипската касарна „Јане Сандански“ учествуваа во мировните операции во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина и Либан.
- Покрај сите овие активности и содржини не изостана ангажирањето на припадниците на АРМ во справувањето со предизвиците од природните непогоди, кои и оваа година донесоа голем број непријатности уште со почетокот на годината. Пожртвуваноста на припадните на АРМ во ангажирањето во отстранување на последиците од природните непогоди, не остана незабележано од севкупната македонска јавност, што е уште еден доказ дека АРМ секогаш е и ќе биде тука за заштита и помош на граѓаните и институциите на Р.Македонија, потенцира Шутевски.
На свеченоста во штипската касарна присуствуваа претставници на локалните власти од источниот регион, на државни институции и на Сојузот на борци, како и граѓани кои имаа можност да ја видат и изложбата на оружје и опрема. По повод Денот на АРМ денеска голем број припадници на АРМ добија и повисоки чинови, награди и пофалници.
Ново на Сител
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир