Во Штип утре светиот крст ќе се фрла на две локации
Триесетина штипјани ќе скокаат по чесниот крст во водите на реката Брегалница и тоа на две локации. Во Штип традиционално крстот се фрла во штипско Ново Село и кај Камениот мост во населбата „ 8-ми Ноември“.
– Во моментов има пријавено 17 кандидати за штипско Ново Село, кои ги исполнуваат условите односно се полнолетни и крстени. За малолетните кандидати апелираме да дојдат со родители кои ќе потпишат согласност, вели свештеник Добрица Јанев.
Протереј ставрофор, Николче Ѓорѓев забележа дека прославата за Богојавление почна од денеска со литургија и светење на водите, а денешниот ден е означен како строг пост.
– По утрешната литургија има лицитација за чесниот крст што традиционално се организира во Штип, а потоа се упатуваме на мостот кај градинката „Астибо“ каде во водите на Брегалница ќе биде спуштен чесниот крст, вели Ѓорѓев.
Традицијата за спуштање на светиот крст во вода е традиција стара колку и христијанството и го симболизира крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан.
Ново на Сител
-
Жител на кривопаланечко село пријавил физички напад од сопругата
-
Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топаанско поле
-
Отворен Ски центарот ,,Михајлово"
-
Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени
-
Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е убиен
-
Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници
-
Првото бебе во Гостивар е девојче, од Општината доби ваучер од 30.000 денари
-
Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски