Во Штип утре светиот крст ќе се фрла на две локации
Триесетина штипјани ќе скокаат по чесниот крст во водите на реката Брегалница и тоа на две локации. Во Штип традиционално крстот се фрла во штипско Ново Село и кај Камениот мост во населбата „ 8-ми Ноември“.
– Во моментов има пријавено 17 кандидати за штипско Ново Село, кои ги исполнуваат условите односно се полнолетни и крстени. За малолетните кандидати апелираме да дојдат со родители кои ќе потпишат согласност, вели свештеник Добрица Јанев.
Протереј ставрофор, Николче Ѓорѓев забележа дека прославата за Богојавление почна од денеска со литургија и светење на водите, а денешниот ден е означен како строг пост.
– По утрешната литургија има лицитација за чесниот крст што традиционално се организира во Штип, а потоа се упатуваме на мостот кај градинката „Астибо“ каде во водите на Брегалница ќе биде спуштен чесниот крст, вели Ѓорѓев.
Традицијата за спуштање на светиот крст во вода е традиција стара колку и христијанството и го симболизира крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан.
Ново на Сител
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром
-
Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални