Македонија
4. January 2025 - 11:13

Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал

На  03.01.2025 година во 20.55 часот во СВР Скопје  било пријавено дека околу 20.20 часот на паркинг простор лоциран на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило,  управувано од непознат сторител удрило во пешак Е.А.(30) од Скопје и го напуштило местото на настанот, соопшти МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.