Во Штип утре ќе се прска против комарци

Општина Штип утре ќе го спроведе третото и последно прскање против комарците за оваа година. Во соопштението на Општина Штип се посчува дека дезинсекцијата ќе се изврши утре во раните утрински часови, односно во периодот од два до шест часот.
Дезинсекцијата ќе се изврши со УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите зелени површини, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојани води и подрачја околу каналниот систем, урбани средини и локалитети. Во соопштението се наведува дека доколку има неповолни временски прилики, ветер или дожд во тој случај дезинсекцијата ќе се спроведе наредниот ден.
Општина Штип за дезинсекција, дератизација и дезинфекција од општинскиот буџет има издвоено околу еден милион денари, но фирмата која го има добиено тендерот овие акции ги спроведува за цена од околу 820.000 денари.
При спроведување на дезинсекција на територијата на Општина Штип се апелира пчеларите да ги преземат сите превентивни мерки, со цел да ги заштитат пчелните семејства.
Ново на Сител
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
