Во Штип се реконструира улица во должина од еден километар
Почна реконструкцијата на улицата меѓу населбите Блок 2.000 и Света Недела, во должина од еден километар. Градежната фирма „Коле Транс инжињеринг“ асфлатирањето ќе го заврши денеска доцна попладне.
- Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа улица е 800.000 денари. Пред да почне нејзината реконструкција, екипи на Јавното претпријатие „Стипион“ изградија одводен канал, со што во текот на зимата ќе нема проблеми со водата, која течеше по улицата, изјави Тоше Ѓеоргиев од општина Штип
Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев и жителите на населбата Света Недела ги пуштија во употреба новите асфалтирани улици низ населбата. Во населбата каде живеат 400 семејства, како што рече, имаше реални потреби да се изгради патна инфраструктура.
- Асфалтиравме некаде околу три километри улици во целата населба. Улиците ги правевме спрема теренот и можностите, затоа што оваа населба не беше урбанизирана. Останаа уште некои мали улици кои треба да ги завршиме, рече Захариев.
Инвестицијата на општина Штип за оваа населба заедно со реконструкција на улица во населбата Радански пат изнесува околу 130.000 евра. Во тек се и тендерски постапки за уште 20 улици, кои треба да се асфалтираат или реконструираат во градот Штип.
Жителите на населбата Света Недела се задоволни што по 15 години нивните улици се асфалтирани, а сега, како што велат ќе немаат проблеми со повиците за Брзата помош, такси возилата и со своите возила кои мораа да го возат по земјен пат. вдј/мд/14:08
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар