Во Штип се реализира проектот „Градиме мостови“

Четириесет и пет ученици од Државното средно училиште „Искра“ за ученици со посебни потреби, Општинското Основно училиште(ООУ) „Славејко Арсов“ од Штип и ООУ „Страшо Пинџур“ од Општина Карбинци денеска заедно цртаа слики и пишуваат пораки на тема „Планетата земја-Дом за сите нас“, како дел од проектот, финансиран од Фондацијата „Градиме мостови.
Координаторот на проектот Ангелчо Стојановски, началник на Одделението за превенција во СВР-Штип вели дека целта на проектот е ученици од различни националности да се дружат и да воспостават пријателство.
- Покрај денешната активност учениците ќе изготвуваат и ѕидни весници, ќе имаат и спортски игри во пинг-понг и музички хепенинг, рече Стојановски.
Директорите на училиштата кои се вклучени во проектот велат дека во заедничките активности се вклучени ученици од македонска, турска, влашка, ромска и други националности.
Зејлихе Амазова ученичка од ООУ „Страшо Пинџур“ од Општина Карбинци изјави дека денеска запознала нови другарчиња со кои заеднички цртале и научиле нови пораки како да се заштити природата и планетата земја. Наредната недела домаќини на проектот „Градиме мостови“ ќе бидат основните училишта „Славејко Арсов“ и „Страшо Пинџур“.
Ново на Сител
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
