Во Штип се чествува Денот на народното востание
Во Штип денеска се чествува Денот на народното востание – 11 Октомври. На споменикот на револуцијата на тврдината „Исар“ цвеќе положија делегации на Општина Штип, Советот на Општина Штип, пратениците во Собранието на Република Македонија, делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борците на Македонија (СБМ), државни институции и политички партии. Во салата на Совет на Општина Штип се одржа и свечена седница во организација на ОО на СБМ каде се обрати и Билјана Казанџиска, претставник од Општина Штип.
- 11 Октомври 1941 година е датум кој засекогаш ќе биде врежан во историските записи и ќе остане сведоштво за одлуката да се спротиставиме на секој окупатор кој непоканет ќе дојде овде и ќе ни ја запоседне нашата територија. Истрелот кој одекна на 11 Октомври беше историски истрел. Тој ги следеше и во себе ги обедини сите истрели на македонскиот народ во борбата за својата државност, рече Казанџиска.
Таа додаде дека Општина Штип и во иднина ќе ги чествува датумите како 11 Октомври, 2 Август, 8 Септември и многу други важни датуми од историјата за градот и државата, кои не потсетуваат на историските чекори на нашите предци.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир - го ранил во ногата додека пешачел
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал