Во Штип регионална обука „Основни претприемачки вештини и бизнис планирање“
Во Штип денеска и утре се спроведува обука на 17 лица со физички и психички хендикеп на тема „Основни претприемачки вештини и бизнис планирање“. Обуката ја спроведуваат УСАИД, Хандимак во соработка со Општина Штип.
Проект менаџерот на проектот, Лидија Дамчевска вели дека целта на обуките е на лицата со посебни потреби да им се помогне како да аплицираат и да понудат бизнис план, со кои што ќе можат да ги искористат владините мерки за самовработување и отворање на свои мали бизниси.
- Поддршка им треба во целото работење на бизнис планот, затоа што тие ја имаат идејата, но секако идејата не е доволна за да можат тие да ги побараат средствата и да го направат бизнис планот, онака како што треба. Ние им помагаме во тој пристап и искуството покажува дека еве луѓето каде што сме помогнале, досега имаме 12 самовработувања, кои што се остварија во рамките на проектот, вели Дамчевска.
Таа истакна дека досега лицата со посебни потреби, без разлика дали се психички или физички кои ги имаат искористено средствата од самовработувањето имаат отворено сопствени бизниси, како што печатница, автолимарска работилница, фризерски салон или киоск. Во рамките на обуката учествуваат лица од Штип, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Велес.
Лефтер Николов од Велес кој има телесен инвалидитет вели дека откако останал без работа во фабриката „Порцеланка“ сега е заинтересиран да отвори работилница за изработка и поправка на пумпи. Смета дека обуката ќе му помогне да го направи бизнис планот и да отвори сопствен бизнис.
Ново на Сител
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици