Во Штип прскање против комарци

Општина Штип преку овластена фирма ноќеска од 00 до 06 часот наутро ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека запрашувањето ќе се изврши со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.Третирањето ќе се изведува со препаратот Aqua K-othrine 2 EW со активна супстанца Deltamethrine. Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, вели Ристов.
Тој апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Ова е претпоследна дезинсекција на територија на Општина Штип.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
