Во Штип пријавени над 500 стечајци
Над 500 лица од Штип се запишаa на списокот како стечајци кои останале технолошки вишок од државните претпријатија.
Кемаладин Арсланов од Здружението на стечaјни работници „Унит“, на денешниот состанок во преполната сала на Советот на Општина Штип ги информираше дека до петок мора да ја достават целокупната документација со која ќе докажат дека имале непрекинат работен стаж во времетраење од 15 години во една државна фирма.
- Наше е да ги доставиме барањата и да евидентираме колку сме. Понатаму Комисијата ќе одлучува кои ги исполнуваат условите, кои се од општествени претријатија. На тие од приватните фирми и рековме да не поднесуваат, рече Арсланов.
Стечајците велат дека премногу долго трае нивната агонија. Не знаат повеќе како да сврзат крај со крај, а многумина од нив се и со нарушено здравје и со наталожени долгови.
- Да ни дадат некој денар барем да се лекуваме и сметките да ги платиме, рече 52-годишната Сузана Георгиева, стечајна работничка.
Стечајната маса во Штип ја чинат поранешни работници на големи комбинати како што беа „Македонка“, „Астибо“, „Метална“, „Алумина“ ЗИК „Црвена Ѕвезда“ и „Макпромет“.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател