Во Штип презентација на третиот повик за средства од Фондот за иновации
Центарот за развој на Источниот плански регион, Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија (СКМ) и Фондот за иновации и технолошки развој, денеска на претставниците на малите и средни претпријатија од овој регион им ги претставија критериумите и начинот за аплицирање за добивање на средства од третиот јавен повик.
Катерина Кречева, советник во Фондот за иновации и технолошки развој, забележа дека на овој повик можат да се финансираат вкупно 15 проекти, а секој проект на компаниите може да биде подржан максимум од 30.000 евра. Фондот за раелизацијата на иновативниот проект покрива 85%, а останатите 15% од средствата ги обезбедуваат малите или средни претпријатија.
- Иновација значи дека компаниите треба да имаат проекти со кои што воведуваат некој нов тип на производ, процес или услуга во своето работење, со што ја зголемуваат својата конкурентност, односно нудат нешто ново на потрошувачите. Со можност да го развијат својот бизнис, да освојат нови пазари и да генерираат големи приходи, рече Кречева.
Моника Стоичева од Регионалната комора со седиште во Штип при СКМ истакна на денешната презентација истакна дека има голем интерес од страна на компаниите.
- Имаме голем интерес од страна на малите и средни претпријатија, овде имаме претставници од ИТ технологијата, прехранбената индустрија и занаетчии. Од приложеното можеме да видиме дека процесот за аплицирање е упростен. Мислам дека на овој трет јавен повик на Фондот за иновации ќе имаме многу повеќе апликации, рече Стоичева.
Директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион Драгица Здравева забележа дека овие информативни настани за малите и средни претпријатија ги орагнизираат во рамките на проектот „Бизнис центар за поддршка и консултативни услиги на мали и средни претпријатија“.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено