Во Штип ќе се градат две тениски игралишта

Агенцијата за млади и спорт ќе гради уште две тениски игралишта во Штип. Терените ќе се наоѓаат веднаш до мултифункционалното игралиште во населбата Сењак.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека екипи веќе од денеска започнале со расчистување на теренот по што ќе следи и изградбата на двата тениски терена.
- Со тоа се создаваат услови за формирање спортски комплекс во овој дел на градот, а по завршување на тениските игралишта, локалната самоуправа ќе презеде активности за уредување на преостанатиот простор и негово облагородување како паркова површина со соодветни елементи за одмор и рекреација, изјави Ристов, заблагодарувајќи и се на Агенцијата за млади и спорт за нејзиниот севкупен ангажман за збогатување на градот со спортски терени.
Тој истакна дека во Штип ќе има четири нови тениски терени и дополнително уште неколку кај градскиот базен со што се создаваат услови за формирање на тениска академија, која би била дел од средното образование во Штип, покрај фудбалската паралелка која функционира во рамки на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување
-

Извештај на ОН: Еден фемицид на секои 10 минути во светот
-

Зеленски: Со претседателот Трамп ќе бидат разгледани најчувствителните прашања од мировниот план
-

Трамп иницира постапка за прогласување делови од „Муслиманско братство“ за терористички организации
-

Променливо облачно, наутро студено, од среда пообилни дождови
-

Зеленски: Мировните преговори мора да донесат траен мир
-

Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште
-

Фајненшл тајмс: Американскиот мировен план за Украина е намален од 28 на 19 точки
