Во Штип излезноста до 11 часот е 9,8 проценти
Во Општина Штип своето право на глас до 11 часот го искористиле 9,8 проценти од вкупниот број гласачи или на 77 избирачки места гласале 4.129 граѓани од 41.854 гласачи кои се на избирачкиот список.
Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева информира дека гласањето се одвива без проблеми и на гласачките места е мирно.
Според претседателот на избирачкиот одбор 22 94 во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Димче Клетнички на ова место право на глас имаат 509 гласачи, а процентот на излезност од 11 часот е 17. Поголема фреквенција на гласачките места во Штип се очекува по 16 часот.
Во источниот регион најголем одзив за гласање има во општината Пехчево, каде што гласале 11,82 проценти од гласачите, потоа Делчево, Берово и Пробиштип. Најмала излезност се бележи во руралните општини. Во Чешиново Облешево референдумски се изјасниле 5,39 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство