Во Штип 40 невработени конкурирале за мерката самовработување со грант
Штипскиот Центар за вработување денеска во рамки на отворените денови ги промовираше 28-те мерки за вработување на невработените лица. Раководителот на Центарот за вработување-Штип, Лазар Димчов информира дека годинава имаат рекорден број апликации за искористување на мерката самовработување.
Според Димчов, 40 невработени конкурирале за искористување на оваа мерка, со цел да отворат фирми.
- Најголем интерес имаме за мерката самовработување, со грантови за отварање на сопствени бизниси. Мерката е во тек, огласот заврши, но имаме некаде над 40 лица кои аплицираа за оваа мерка, за разлика од претходните години кога имавме помал интерес. Минатата година мерката самовработување со грантови имаме отворено 27 бизниси и тие бизниси се уште успешно опстојуваат. Некои од нив веќе вработија и други лица, вели Димчов.
Анита Коруновска, која пред три години се самовработи, односно отвори фирма, досега преку владините мерки има земено 270 илјади денари гранд средства, а во фирмата сега работат вкупно седум лица.
- Во иднина, со самото зголемување на мојата работа, планирам уште тројца да вработам. Можам да кажам за соработката со Агенцијата за вработување е добра и вработените се експедитивни и доста соработувам со нив. Секоја мерка која ќе излезе односно се понуди тие ми ја презентираат, рече Коруновска.
Раководителот на Центарот за вработување-Штип, Димчов подвлече дека од страна на невработените, но и од работодавците посебен интерес има и за најновата мерка за обука на невработени лица за дефицитарни занимања. Во штипскиот регион како дефицитарни струки се бравари, монтери на фасади, гипсери, сервисери за шивачи машини, а кои по обуката имаат загарантирано работно место.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски кандидат за градоначалник на Град Скопје
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот