Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин

Шпанската полиција, заедно со царинските органи, успеаја да зададат голем удар против меѓународниот шверц на дрога, пренесува ДПА.
Полицајците откриле огромно количество од 7,2 тони кокаин во контејнер со замрзната риба од Јужна Америка, објавија радио станицата Кадена Сер и весниците Фаро де Виго и Воз де Галиција, повикувајќи се на истражни извори.
Приведени се четири лица. Станува збор за најголемото количество кокаин во подолг период кое било пресретнато во регионот на Галиција во северозападна Шпанија, наведува „Кадена Сер“.
Првично беше нејасно од која јужноамериканска земја потекнува контејнерот, пишуваат медиумите.
Уличната вредност одговара на околу 500 милиони евра (539,5 милиони долари) по цени од 60 до 80 евра за грам кокаин. Проценетото годишно глобално производство на бел прав беше околу 2.
300 тони во 2021 година, според бројките на ОН. Во Европа истата година се запленети вкупно 303 тони кокаин.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
