Во Шпанија ќе бидат убиени околу 100.000 куни заразени со коронавирус
Локалните власти се сомневаат дека вирусот влегол во фармата преку работник кој потоа го пренел на животните.
Но, министерот Олона вели дека не е целосно јасно дали е можно „пренесување на вирусот од луѓе на животни и обратно“.
Десетици илјади куни се убиени во Холандија од почетокот на пандемијата по откривањето на заразата во 20 фарми, соопштија тамошните власти на почетокот на јули.
Како што пренесува „Гардијан“, на овој потег се одлучиле по откривањето на заразата кај двајца работници во мај, најверојатно од куна, додека Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека може да биде првиот познат случај на пренесување на вирусот од животно на човек.
Во Шпанија, фармата за куни, на околу 100 километри северо-западно од брегот на Валенсија, внимателно се набљудува од 22 мај, откако седум работници се заразиле со коронавирусот,
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот