Во шест општини од Југоистокот ќе гласаат 1.422 болни и седум лица во самоизолација
Во општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче за гласање на претстојните предвремени парламентарни избори се пријавени 1.422 болни и изнемоштени лица и седум лица во самоизолација.
Најмногу болни се пријавени во Струмица-473 и 6 лица во самоизолација, а во Босилово своето право на глас ќе го остварат 195 болни и едно лице во самоизолација.
Во Радовиш ќе гласаат 100 болни и изнемоштени граѓани, во Конче 21, Василево-252 и во Ново Село 381.
Според општинските изборни комисии бројот на пријавени болни лица е многу поголем во споредба со претседателските избори кои се одржаа лани.
Само во општина Струмица шест избирачки места од вкупно 83 се преместени на други локации, бидејќи не ги исполнуваат условите според здравствените протоколи за изборите закажани на 15 јули.
Право на глас во овие шест општини имаат над 110.000 граѓани на 192 избирачки места.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори