Свет
13. March 2017 - 8:18

Во североисточниот дел на САД се очекува силна бура

Се очекува денеска североисточниот дел на САД да биде зафатен од тешка снежна бура. 

Во Њујорк може да навее речиси половина метро снег. 

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за бура во државите Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија, дополнително и во регионот Нова Англија. 

Во градот Њујорк првиот снег се очекува по полноќ, по локално време. 

Можно е ова да биде најголемата снежна бура во североисточниот дел на САД оваа зима.