-->
-->
Во северна Италија воз прегази петмина железничари
-->

Воз прегазил и усмртил пет мажи кои работеле на железница во областа на Торино во северна Италија, објавија локалните медиуми. Двајца други работници се повредени, јави новинската агенција АНСА. Несреќата се случила околу полноќ во општина Брандицо, дел од градското подрачје на Торино.
Според извештаите, мажите работеле во компанија која изведувала работи за замена на делови од железницата, која ги поврзува главните северни градови Торино и Милано, кога биле прегазени од локомотива што превезувала празни вагони од Алесандрија до Торино.
Италијанските медиуми, меѓу кои и ANSA и Corriere della Sera, објавија дека возот се движел со брзина од 160 километри на час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
