Во СЕП трибина за унапредување на искористувањето на средствата од ИПА

Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска ќе се одржи трибина насловена „ИПА: Пресек и состојба-Унапредување на апсорпцијата на ИПА средствата“, на која ќе учествуваат претставници на ИПА структурата и на граѓански организации.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и претставници на СЕП ќе ја презентираат состојбата со распределбата на средствата од ИПА.
Како што соопшти СЕП, на трибината ќе се дебатира и за пречките за реализација на проектите, предизвиците со кои се соочува ИПА структурата за унапредување на апсорпциската моќ на државата, како и за можностите за поефикасно искористување на средствата од ИПА.
Целта на трибината е да се запознае ИПА структурата, но и невладиниот сектор, со состојбите, пречките и предизвиците од кои зависи реализацијата на средствата од ИПА, учесниците да ги претстават своите мислења околу ИПА системот, и да се разменат мислења и предлози за мерките и активностите коишто треба да ги содржи новиот Мастер план за реформа на ИПА.
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
