Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија

Американски сенатори поднесoa предлог-закон кој предвидува санкции против Анкара поради нејзините напади врз курдските Сили на демократска Сирија (СДС), поддржани од Вашингтон.
-Нападите од страна на силите поддржани од Турција врз нашите партнери од редовите на сириските Курди ја поткопуваат регионалната безбедност и напорите да се спречи оживувањето на „Исламска држава, напиша синоќа на „Х“ сенаторот Крис Ван Холен, демократ од сојузната држава Мериленд.
„Јас и сенаторот Линдзи Грем (републиканец од сојузната држава Јужна Каролина) денеска претставивме предлог-закон за санкции против Турција, кои треба да ги воведеме доколку таа не се согласи на прекин на огнот и воспоставување демилитаризирана зона“, додаде тој.
Како што се прецизира во писмената изјава на Ван Холен и Грем, „санкциите се насочени да се спречат нападите врз СДС од страна на Турција или оние извршени со нејзина поддршка“.
Законодавците додаваат дека Вашингтон треба да соработува со Анкара со цел „долгорочен прекин на огнот и создавање демилитаризирана зона долж границата меѓу Турција и Сирија.
“Законодавците не прецизираа кои физички и правни лица во Турција можат да станат цел на санкциите.
„Волстрит џурнал“ неделава објави дека Турција трупа војска долж границата со Сирија, а тоа е знак дека таа се подготвува да изврши инвазија во северниот дел на земјата.
„Вашингтон пост“ пишуваше дека меѓу протурските формации во Сирија кои станаа дел од новата власт и курдските сили може да избие конфликт.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
